Ekipa
07 Ноември 2018•Ажурирај: 07 Ноември 2018
ХЕБРОН (АА) - Израелските сили денес притвори член на Палестинскиот законодавен совет (PLC) во неговиот дом во градот Хеброн, на окупираниот Западен Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните извори велат дека израелските сили рано утринава извршиле претрес во домот на палестинскиот пратеник Мухамед Абу Џешех од палестинската група Хамас, во местото Езна во Хеброн.
Сè уште нема никаква реакција од Хамас за настанот.
Израелските сили често вршат рации во домовите во окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим (Кудс), и под различни тврдења приведуваат Палестинци.
Според официјалните палестински податоци, во израелските затвори се наоѓаат околу 6.500 Палестинци.