Mahmut Geldi
06 Декември 2024•Ажурирај: 06 Декември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Израелската армија денес упадна во болницата „Камал Адван“ во градот Беит Лахија, северно од Појасот Газа, и ги истера пациентите и медицинскиот персонал, јавува Анадолу.
Рано утринава израелските сили извршија рација во болницата „Камал Адван“, објави палестинската новинска агенција ВАФА.
Војниците ги избркаа пациентите и медицинскиот персонал од болницата, а во неа заробија голем број Палестинци.
Објавено е дека израелските војници уништиле и некои згради во близина на болницата, а утврдено е дека има и жртви поради минирањето на околните објекти.
Тројца членови на медицинскиот персонал беа ранети во израелскиот напад врз дворот на болницата со беспилотни летала од типот „Квадкоптер“ на 3 декември.
Директорот на болницата Хусам Абу Сафије изјави дека во текот на денот Израел петпати ја бомбардирал.