Mehmet Nuri Uçar
29 Јули 2022•Ажурирај: 02 Август 2022
КУДС (АА) - Тројца Палестинци се повредени, од кои еден потешко, како резултат на напад на израелски војници врз возило во движење во окупираниот Западен Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави Палестинската Црвена полумесечина, се наведува дека во болницата „Рафидија“ се префрлени две од трите лица кои биле ранети во нападот на израелските војници врз палестинско возило во градот Хавара, северно од градот Наблус на Западниот Брег.
Во соопштението, во кое не се дадени информации за идентитетот на застреланите, се вели дека израелските сили одбиле да го ослободат третиот повреден, кој бил во критична состојба.
Израелските власти сѐ уште не се огласија во врска со инцидентот.
Додека израелските сили продолжуваат со своите прекршувања против Палестинците под наводи за „обид за напад со нож“ или „обид за газење со возило“, организациите за човекови права го обвинуваат Израел дека извршува вонсудски егзекуции врз Палестинците.