Turgut Alp Boyraz
17 Јули 2017•Ажурирај: 18 Јули 2017
ЕРУСАЛИМ (AA) - Најмалку 20 лица се ранети кога израелската полиција интервенираше врз муслиманските верници кои се собраа пред комплексот Ал Акса за да извршат молитва (акшам намаз), јавува Anadolu Agency (AA).
Израелските полицајци итервенираа врз Палестинците кои се собраа да извршат молитва и да протестираат поради одлуката на израелските власти за поставување на метални детектори на влезовите на Ал Акса.
Полицијата интервенираше кога собраните верници пред влезот на Ал Акса извикуваа слогани против Израел.
Израелската полиција во таа прилика користеше гумени куршуми, топовски удар и солзавец, разделувајќи ја масада во споредни улици.
Црвената полумесечина на Палестина соопшти дека во нападот на израелската полиција се ранети 20 Палестинци од кои еден со гумен куршум.
По интервенцијата на полицијата, муслиманските верници избегаа и молитвата ја извршија во бензинска станица, додека комплексот Ал Акса остана празен.
Од друга страна, во квартот Езерије во Ерусалим, исто така дојде до судири помеѓу израелската полиција и група Палестинци. Црвената полумесечина на Палестина соопшти дека во овој напад се ранети четири лица, погодени се со гумени куршуми.
Израелските сили денеска, по четири дена, ја укинаа забраната за влез во Стари Град во Источен Ерусалим, но силните тензии во тој регион и понатаму трајат.
Во сенка на војните и кризите на Блискиот Исток, властите на Израел веќе четири дена го држат под потполна блокада Стариот Град во Ерусалим, во којшто се наоѓа комплексот Ал Акса.
Израелските безбедносни сили во петокот наутро ги блокираа сите влезови во старото јадро на градот во Источен Ерусалим и дозволуваат движење исклучиво на жителите, а не и на посетителите од другите градови и пошироко.
Токму како што во петок без најава ги блокираше влезовите, денеска попладне израелската полиција дозволи влез и излез од Стариот град во кој се наоѓа и комплексот Ал Акса.
И локалното муслиманско население од петокот до вчера не можеше да влезе во комплексот Ал Акса, а израелските сили вчера и на влезовите во комплексот поставија дополнителни контролни пунктови со детектори за метал. Локалните Палестинци протестираат поради тоа и одбиваат да влезат во комплексот, а молитвите ги извршуваат пред комплексот.
Од друга страна, израелската полиција без какви било промени и понатаму во комплексот Ал Акса ги пушта групите еврејски доселеници.
Тензиите што моментално се присутни во Ерусалим го достигнуваат највисокото ниво во изминатите пет децении на израелската окупација на Ерусалим.
Палестинското население, кое е загрозено од потезите на израелските власти, и овој пат е разочарано од изостанувањето на реакции и внимание од меѓународната заедница.