Gülşen Topçu
31 Декември 2023•Ажурирај: 01 Јануари 2024
ИСТАНБУЛ (АА)
Најмалку 68 Палестинци загинаа во воздушните напади што ги изведоа израелскит авиони врз две одделни точки во северните делови на Појасот Газа, известува Анадолу.
Најмалку 48 лица загинаа, а десетици се повредени во воздушниот напад на израелските авиони во близина на квартот Аз-Зејтун во централниот дел на градот Газа, објави агенцијата ВАФА.
Во друг напад во близина на Универзитетот Ал Акса во Газа убиени се 20 лица, а голем број се ранети.
Според последните податоци на палестинското Министерство за здравство во Газа, досега во израелските напади се убиени 21.822 Палестинци, меѓу кои најмалку 9.000 се деца, 6.450 се жени, а 56.451 се ранети.
Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, но, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.
„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.