Mahmut Geldi
06 Мај 2022•Ажурирај: 06 Мај 2022
РАМАЛА (АА) – Двајца Палестинци се повредени откако израелски војници отворија оган врз нивните возила на окупираниот Западен Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на палестинското Министерство за здравство се наведува дека израелските војници испукале гумен куршум во возило во селото Дејр Ебу Мешал во градот Рамала на Западниот Брег.
Се нагласува дека двајца Палестинци во возилото се повредени во главата и се пренесени во болница во регионот. Нивната состојба е стабилна.
Нема информации зошто израелските војници отвориле оган врз палестинското цивилно возило. Исто така, нема соопштение и од израелските власти.