Esat Fırat
02 Април 2020•Ажурирај: 03 Април 2020
ЕРУСАЛИМ
Израелскиот министер за здравство, Јаков Лицман, и неговата сопруга се заразени со коронавирус, се соопштува од тамошното Министерство за здравство, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека 71-годишниот министер и неговата сопруга се тестирани на коронавирус и оти тестот покажал дека се позитивни.
Се наведува дека израелскиот министер во наредните денови ќе ја извршува работата од дома.
Според податоците на Министерството за здравство, бројот на заразени со коронавирус во Израел изнесува 6.092, а од овој вирус досега починале 26 лица.