Ekipa
08 Март 2021•Ажурирај: 09 Март 2021
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската Влада планира да анектира делови од окупираниот Западен Брег, изјави израелскиот министер за населби во Израел, Цачи Ханегби, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Нема смисла што половина милион луѓе кои живеат во Јудеја и Самарија (Западен Брег) не можат да живеат во рамките на израелскиот закон. Ние го сторивме тоа на Голанската Висорамнина и ќе го сториме и во Јудеја и Самарија“, изјави Ханегби во интервју за каналот „и24ЊУЗ“ (i24NEWS).
Тој, сепак, не прецизираше временска рамка за израелскиот потег за анексија.
Израелската Влада планираше да анектира делови од окупираната територија во јули минатата година, но го одложи потегот поради меѓународен притисок.
Коментирајќи ја иднината на израелските односи со арапските земји кои неодамна потпишаа договори за нормализација со Израел, Ханегби изјави дека тој не може да предвиди како ќе се развиваат таквите односи во блиската иднина.
„Не можам да предвидам до каде ќе се развиваат односите со земјите од Заливот, но тоа е сојуз што би требало да може да се склучи и според одлуките на народите исто така, новите договори ќе ги променат работите“, рече тој.
Ханегби додаде дека Израел има заеднички интерес со Оман и изрази надеж за проширување на односите со Саудиска Арабија.
Во 2020 година, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Судан и Мароко најавија спорни договори за нормализација на односите со Израел. Палестинските лидери ги нарекоа договорите предавство на палестинската кауза.