Ahmet Dursun
13 Мај 2021•Ажурирај: 14 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Израелскиот министер за одбрана, Бени Ганц, ја распореди граничната полиција за да ги зајакне израелските сили на подрачјата во кои се водат судири меѓу Евреите и Палестинците, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за одбрана се наведува дека Ганц одлучил да распореди десет резервни единици на граничната полиција на подрачјата на кои се водат судирите.
„Моментално се наоѓаме во вонредна ситуација. Потребно е веднаш да испратиме големо зајакнување за да воспоставиме ред“, изјави Ганц.
Бројот на загинати во израелските напади на Појасот Газа кој е под опсада, достигна 82, откако уште 11 Палестинци го загубија животот во израелските напади.
Палестинските групи на отпор на израелската полиција ѝ дадоа рок до 10 мај во 18:00 да се повлече од квартот Шеик Џарах и од комплексот „Ал Акса“ во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим). Израелските сили не се повлекоа во зададениот рок, по што следуваше судир и жестоки напади на израелските сили врз Газа.