Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout
23 Март 2023•Ажурирај: 23 Март 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Кнесетот (израелскиот Парламент) денес го усвои Предлог-законот со кој се ограничуваат можностите за импичмент на премиерот, јавува Анадолу.
Предлог-законот помина на првото и второто читање со мнозинство, 61 глас за спрема 47 членови на Кнесетот против, се вели во соопштението на Парламентот.
Првото читање на Предлог-законот помина во понеделникот со мнозинство од 61 спрема 51 од 120 членови на Кнесетот.
Предлог-законите треба да поминат три читања во Кнесетот за да станат ефективни.
Во усвоениот Предлог-закон се предвидува премиерот да може да биде сменет само доколку се смета дека е физички или психички неспособен да ја врши својата должност.
Од мај 2020 година на премиерот Бенјамин Нетанјаху му се суди во три случаи за корупција. Владата на Нетанјаху предложи план за реконструкција на правосудството што предизвика масовни протести низ Израел повеќе од 10 недели.
Промената сериозно ќе ја ограничи моќта на Врховниот суд на правдата, ќе ѝ даде на Владата овластување да избира судии и ќе го прекине назначувањето правни советници во министерствата од страна на државниот обвинител.
Нетанјаху инсистира на тоа дека неговиот план ќе ја зајакне демократијата во земјата.