Ekip
26 Декември 2022•Ажурирај: 27 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Израелскиот Парламент Кнесет во четврток ќе гласа за мандатот на новата влада предводена од премиерот Бенјамин Нетанјаху, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во веста на весникот „Ерусалим пост“ се наведува дека Нетанјаху испратил порака до членовите на неговата коалициска влада дека во четврток ќе се одржи специјална седница на Кнесетот за гласање доверба на новата влада.
Минатата недела, поранешниот израелски премиер и лидер на десничарската партија Ликуд Нетанјаху изјави дека го завршил формирањето на својата нова влада со сојузниците во десничарскиот табор.
Нетанјаху и неговите сојузници освоија мнозинство од местата во Кнесетот на општите избори минатиот месец.
Нетанјаху (73) беше премиер на Израел од 1996 до 1999 година, а потоа 12 последователни години од 2009 до 2021 година.