Gülşen Topçu
30 Август 2018•Ажурирај: 31 Август 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се закани дека ќе ги нападне позициите на Асадовиот режим и на Иран во Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на израелскиот весник „Едиот ахранот“ (Yediot Ahranot), Нетанјаху на официјалната церемонија организирана по повод именувањето на нуклеарниот реактор „Димона“ по поранешниот претседател на оваа земја, Шимон Перес, зборувал за договорот за соработка потпишан меѓу Асадовиот режим и администрацијата на Техеран.
Нетанјаху нагласи дека ниту една закана и договор меѓу Иран и Сирија нема да ги одврати. „Израелската војска ќе продолжи силно и одлучно да работи против иницијативата на Иран за распоредување војници и напредни оружени системи во Сирија“, додаде тој.
Иранскиот министер за одбрана, Амир Хатами, минатата недела го посети сирискиот главен град, Дамаск, каде што потпиша договор за воена соработка меѓу двете земји.
Според полуофицијалната иранска новинска агенција, „Тасним“, Хатами подвлекол дека овој договор ќе го обезбеди продолжувањето на присуството на Иранците во Сирија.