Ali H. M.Abo Rezeg
03 Октомври 2018•Ажурирај: 03 Октомври 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската полиција во петок ќе го испитува израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, во врска со соменијата за корупција, пренесува Аnadolu Agency (AA).
Според израелскиот „Канал 2“, иследниците ќе го испитуваат Нетанјаху поради постоењето сомнение дека ги наградил услугите на израелската телекомуникациска компанија „Безек Телеком“ за возврат на поволно покривање во корист на Нетанхају на сајтот на компанијата.
Нетанјаху во август беше испитуван од страна на истражителите цели четири часа за истиот случај.
Израелскиот премиер е предмет на кривични истраги во одделни случаи за корупција. Тој во врска со нив негира каква било поврзаност.
Во февруари, израелската полиција нагласи дека Нетанјаху треба да биде обвинет за корупција, истакнувајќи дека во моментот има доволно докази за негово формално гонење за двата случаја за корупција.
Првиот случај го вклучува и израелскиот холивудски продуцент Арнон Милчан, кој купил луксузни предмети за Нетанјаху и неговата сопруга.
Вториот случај за корупција се однесува на договорот (за медиумско покривање во корист на Нетанјаху) со Арнон Моузес, издавачот на дневниот весник на хебрејски јазик „Едиот ахронот“ (Yedioth Ahronoth).