Said İbicioğlu
29 Август 2021•Ажурирај: 30 Август 2021
ГАЗА
Според информациите до кои новинарот на АА дојде од очевидците, израелските воени авиони нападнале точка што им припаѓа на бригадите „Ал-Касам“ во централниот дел на Газа и земјоделско земјиште на северот од Газа, известува Агенција Анадолија (АА).
Иако палестинските власти сѐ уште не дадоа изјава дали има жртви во нападите, израелската Армија на својот профил на социјалните мрежи објави: „Центарот за обука и производство на оружје на Хамас беше цел на напад како одговор на запалените балони испратени од Газа.“
Палестинското Министерство за здравство објави дека израелските војници ги нападнале Палестинците што вчера протестираа осудувајќи ја блокадата на Газа, информирајќи дека во нападот се ранети 11 Палестинци.
Израел од 2006 година го држи под опсада од копно, море и воздух Појасот Газа, во кој живеат приближно 2,1 милион лица.