Merve Berker
24 Март 2021•Ажурирај: 25 Март 2021
ГАЗА
Израелските воени авиони извршија напади врз места во Појасот Газа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Не е објавена никаква информација до сега за жртвите или повредените во нападите во северните и централните делови на Газа.
Портпаролот на израелската армија, Авичај Адрае на неговиот профил на социјална мрежа објави дека воените авиони и хеликоптери нападнале место за производство на ракети и воена позиција на Хамас.
„Нападот е извршен како одговор на ракетата лансирана од Газа кон Израел минатата вечер“, изјави тој.
Израелската армија соопшти дека ракетата паднала на отворена област во Израел.
Ниту една група во Газа не презеде одговорност за нападот.