Ekip
14 Мај 2018•Ажурирај: 15 Мај 2018
ГАЗА (АА) - Израелската војска усмрти најмалку 55 Палестинци на протестите кои од утринава се одржуваат на границата на Газа поради отворањето на американската амбасада во Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за здравство во Газа соопшти дека израелските сили ранија најмалку 2.771 демонстранти, меѓу кои се наоѓаат и лица кои се здобиле со рани од истрели од огнено оружје на израелските војници.
Илјадници Палестинци подигнаа шатори на границата на Газа и Израел, протестирајќи против преместувањето на Амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим (Кудс) и во знак на потсетување на Накба, Денот на големата катастрофа, што го симболизира страдањето и прогонот на палестинскиот народ по основањето на државата Израел на палестинска територија.
На денешен ден 1948 година на окупираната палестинска земја прогласена е независност на Израел. Од тој ден започна големиот прогон на Палестинците кој се одбележува секој 15 мај како Накба - Голема катастрофа.