Nour Mahd Ali Abu Aisha,Safiye Karabacak
23 Март 2018•Ажурирај: 24 Март 2018
ГАЗА (АА) - Израелските војници интервенираа за време на демонстрациите во пограничниот регион во Газа, при што беше повреден еден Палестинец, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на палестинското Министерство за здравство, Есреф ал-Кудра, за АА изјави дека за време на интервенцијата, израелските војници користеле боева муниција.
Тој додаде дека припадниците на Израелската армија интервенирале за време на протестот во Беит Ханун, организиран поради одлуката на американската администрација да го признае Ерусалим како главен град на Израел.
Тој истакна дека во овој инцидент беше тешко ранет 18-годишен Палестинец, кој е хоспитализиран во болница во северниот дел од појасот Газа.
На 6 декември, американскиот претседател Доналд Трамп, го призна Ерусалим како главен израелски град и со тоа предизвика масовни протести во регионот. Израелските сили често користеа сила за да ги спречат палестинските демонстрации.