Esat Fırat
26 Март 2018•Ажурирај: 27 Март 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници на окупираниот Западен Брег приведоа 43 Палестинци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Израелското државно радио јави дека израелските војници во акциите извршени во текот на ноќта на неколку локации на Западниот Брег, ги привеле Палестиците поради „учество во илегални активности“.
Израелските сили често вршат упади на Западниот Брег и во Источен Ерусалим (Кудс) и под различни обвиненија ги приведуваат Палестинците.
Палестински официјални извори изјавуваат дека во израелските затвори се наоѓаат околу 7.000 Палестинци меѓу кои 62 жени, 12 пратеници и повеќе од 300 малолетни лица, како и 450 Палестинци кои се во административен притвор.