?kipa
09 Октомври 2018•Ажурирај: 10 Октомври 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници во акциите организирани во текот на ноќта на Западниот Брег приведоа седум Палестинци, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на израелската војска се наведува дека Палестинците се приведени поради „обвиненија за учество во терористички активности“.
Приведените Палестинци се однесени на давање исказ.
Израелските сили често на окупираниот Западен Брег и во Источен Ерусалим (Кудс) ги приведуваат Палестинците под различни обвиненија.
Податоците на Здружението на палестински затвореници покажуваат дека во израелските затвори се наоѓаат околу 6.000 Палестинци, меѓу кои жени и малолетни лица.