Safiye Karabacak
13 Октомври 2018•Ажурирај: 13 Октомври 2018
ГАЗА (AA) - Израелските војници со употреба на боева муниција интервенираа во текот на мирните демонстрации на границата со Газа и убија 6 Палестинци, а ранија 85, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на Министерството за здравство на Палестина, Ешреф ал Кудра, во соопштението наведе дека израелските војници кон демонстрантите пукале со боеви и гумени куршуми и користеле солзавец.
Истакна дека израелските војници убиле 6 Палестинци, меѓу кои се наоѓаат Ахмед Ибрахим ет Тавил (27) и Мухамед Абдулхафиз Исмаил (29), додека идентитетот на другите сѐ уште не е познат.
Додаде дека во нападите на неколку различни локации во Газа со боева муниција се ранети 85 лица, од кои 5 потешко.
Меѓу ранетите се наоѓаат 20 деца и 6 женски лица.
Палестинците од 30 март на границата на Појасот Газа и Израел организираат мирни демонстрации под називот „Голем марш за враќање“.
Израелските војници против цивилите кои бараат враќање на територијата од која се протерани и укинување на блокадата воведена во 2006 година на Газа, користат муниција.
Во интервенцијата на израелските војници, за време на демонстрациите од 30 март, убиени се повеќе од 200 Палестинци, додека илјадници се ранети.