Said İbicioğlu
23 Декември 2017•Ажурирај: 23 Декември 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, наводно на постојаниот претставник на Израел во Агенцијата на ОН за наука, образование и култура (УНЕСКО) издаде наредба дека нивната земја ја напушта оваа организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Според израелскиот весник „Yedioth Ahronoth", Нетанјаху на Шами Кармил Хацохен, постојаниот претставник на Израел, му наредил и официјално да соопштии дека Израел следната година ќе го напушти УНЕСКО.
УНЕСКО со одлуката од октомври 2016 година соопшти дека Ал-Акса нема никаква врска со јудаизмот.
Нетанјаху во октомври оваа година му наредил на Министерството за надворешни работи на Израел да започне подготовки за Израел да се повлече од УНЕСКО.
Потсетуваме, и САД оваа година сооопшти дека од УНЕСКО ќе се повлече до крајот на 2018 година, поради потребата за реформи и aнтиизраелско расположение во таа организација.
Нетанјаху одлуката на САД да го напушти УНЕСКО ја нарече храбра и морална и неколку часа откако САД го најави истото.