Aida Cako
31 Октомври 2025•Ажурирај: 03 Ноември 2025
Уништувањата предизвикани од израелските напади врз квартот Тел ел-Хава во Газа денес беа забележани со снимки од дрон, јавува Анадолу.
Повеќето згради се претворени во урнатини, а голем дел од инфраструктурата во областа е целосно нефункционален.
Според палестинското Министерство за здравство, израелските сили убиле 211 лица откако стапи на сила прекинот на огнот претходно овој месец.
Од вторникот вечерта во израелските напади низ Појасот Газа се убиени најмалку 104 лица, меѓу кои 46 деца и 20 жени. Во нападите биле повредени уште 253 лица, меѓу кои 78 деца, соопшти организацијата „Лекари без граници“, повикувајќи се на своите тимови и на податоците од Министерството.
Во повеќе од две години израелски напади врз Газа, кои започнаа на 7 октомври 2023 година, убиени се над 68.000 лица.
Прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас беше постигнато претходно овој месец, врз основа на мировен план од 20 точки предложен од американскиот претседател Доналд Трамп.
Сепак, Израел неколкупати го прекрши договорот за прекин на огнот, последниот пат оваа недела, продолжувајќи со напади врз густо населените области во Појасот Газа.