Qais Omar Darwesh Omar,Hacer Başer
23 Август 2022•Ажурирај: 24 Август 2022
РАМАЛА (АА) - Израелските сили за време на рациите спроведени на Западниот Брег приведоа осум Палестинци, меѓу кои и две истакнати имиња на Хамас, јавува Агенција Анадолија (АА).
Очевидци наведуваат дека рациите биле извршени во градовите Ерихон, Витлеем, Тулкерем и Тубас.
За време на претресот во Тубас приведени се Фази Савафта и Надир Савафта.
Израелските сили користеле боева муниција, гумени куршуми и солзавец против Палестинците кои реагираа на приведувањата.
Нема информации за тоа дали има повредени во нередите.
Израелските безбедносни сили често вршат рации во палестинските домови на Западниот Брег и Источен Ал-Кудс (Ерусалим), приведувајќи Палестинци под различни изговори.
Според палестински извори, во израелските затвори има околу 4.500 Палестинци.