Mustafa Deveci
12 Февруари 2019•Ажурирај: 12 Февруари 2019
КУДС (АА) - Израелските војници приведоа 16 Палестинци во окупираниот Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според писменото соопштение на израелската војска, во операциите извршени синоќа во различни места на Западниот Брег, приведени се 16 Палестинци под образложение дека биле вмешани во „терористички активности“.
Се нагласува дека приведените Палестинци се пренесени во центрите за притвор каде што ќе бидат испрашувани.
Израелските сили често вршат рации во окупираните Западен Брег и Источен Кудс, и под различни тврдења приведуваат Палестинци.
По приведувањата кои во Западен Брег и Источен Кудс станаа вообичаени, дел од приведените Палестинци, меѓу кои и деца и жени, со денови се држат во центрите за притвор.
Според официјални палестински извори, во израелските затвори се наоѓаат околу 6.000 Палестинци.
Израел, со практиката наречена „административно притворање“, во зависност од разузнавачките информации, може да приведува Палестинци и да ги држи во притвор од 1 до 6 месеци.
Ако притвореникот се смета за „опасност за безбедноста на Израел“, воениот судија може да му го продолжи времетраењето на притворот до 5 години.