Eshat Fırat
20 Декември 2017•Ажурирај: 20 Декември 2017
КУДС (АА) - Израелските сили приведоа 27 Палестинци во окупираниот Западен Брег и во Источен Кудс, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од израелските воени претставници, синоќа извршени се рации во различни подрачја на Западниот Брег, при што биле приведени 17 Палестинци под изговор дека се вмешани во терористички активности.
Палестинските извори велат дека во вчерашната операција извршена од страна на израелската полиција во Источен Кудс приведени се најмалку 10 Палестинци.
Израелските сили, кои често вршат рации во Западен Брег и Источен Кудс, приведуваат Палестинци под различни изговори.
Во израелските затвори се наоѓаат околу 7.000 Палестинци, од кои 300 се деца.