Turgut Alp Boyraz,Eshat Fırat
10 Октомври 2016•Ажурирај: 11 Октомври 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските сили синоќа приведоа 31 Палестинец од подрачјето на Западиот Брег и во Источен Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелската полиција во своето писмено соопштение истакнува дека во Источен Ерусалим, поради фрлање камења и молотови коктели, приведени се 15 лица. Израелската армија во своето писмено обраќање соопшти дека на Западниот Брег се приведени 16 лица.
Во соопштението одделно се вели дека започнале подготовките за уривање на куќата на Ебу Субејх, кој во вооружен напад во Источен Ерусалим убил двајца Израелци, по што полицијата отворила оган и го застрелала. Палестинскиот печат вели дека меѓу притворените се наоѓа и Иман, 17-годишната ќерка на Ебу Субејх.
Кон Израел се упатуваат остри критики од страна на организациите за човекови права поради „групното казнување“ со уривање на куќите на лицата што наводно извршиле напад.
Источен Ерусалим од 1967 година се наоѓа под окупација на Израел.