Qais Omar Darwesh Omar,Hacer Çakır
04 Март 2024•Ажурирај: 05 Март 2024
РАМАЛА (АА) - Израелските сили приведоа уште најмалку 55 Палестинци на окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу.
Во заедничкото соопштение на Здружението на палестински затвореници и Делегацијата на затвореници и ослободени од Организацијата за ослободување на Палестина беше наведено дека израелските сили продолжиле со рациите на Западниот Брег и во Ал-Кудс (Ерусалим).
Беше наведено дека израелските сили привеле уште 55 Палестинци, меѓу кои и деца и поранешни затвореници, во рациите извршени вчера во окупираниот Источен Ал-Кудс, како и во градовите на Западниот Брег - Хеброн, Витлеем, Рамала и Калкилија.
Соопштено е дека бројот на Палестинците приведени од Израел на Западниот Брег од 7 октомври 2023 година се зголеми на 7.400.
Од 7 октомври 2023 година кога Израел, обвинет за геноцид, започна напади врз Појасот Газа, има зголемен број притворања, рации и напади врз Палестинците на окупираниот Западен Брег и Источен Ал-Кудс.