Anees Suheil Barghouti
28 Август 2018•Ажурирај: 28 Август 2018
РАМАЛА (АА) - Израелските сили денес срушија дом на палестинско момче, кое наводно минатиот месец во окупираниот Западен Брег со нож убил еден еврејски доселеник, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на израелската Армија се вели дека домот на Мухамед Тарек Ибрахим Дар Јусуф во селото Кубар, северно од Рамала, бил срушен.
Израелската полиција го застрела и уби момчето за време на минатомесечниот инцидент.
Израелските сили често ги рушат домовите на Палестинците кои се вмешани во вакви напади, како казнена мерка за нападите врз израелски цели.
Според податоците на палестинските институции, околу 45 домови од палестински „напаѓачи“ се уништени од израелските сили од 2017 година.