Mahmoud Barakat
04 Јуни 2018•Ажурирај: 05 Јуни 2018
РАМАЛА (АА) - Најмалку седум Палестинци се уапсени за време на синоќешните акции кои израелските сили ги извршија на подрачјето на окупираниот Западен Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелската војска соопшти дека уапсените лица се товарат за учество во терористички активности и дека истрагата против нив е во тек.
Според податоците на палестинските институции, моментално во израелски притвор се наоѓаат речиси 6.500 Палестинци, меѓу кои и 350 малолетници.
Тензиите на Блискиот Исток се додатно интензивирани по неодамнешното преместување на Американската амбасада во Ерусалим (Кудс), кој Израел го окупираше во 1967 година.
Илјадници Палестинци од крајот на март на границата на Газа протестираат против израелската окупација и бараат право на враќање во својата земја. Израелските сили на протестите убија најмалку 123, а ранија неколку илјади палестински демонстранти.