Hamdi Yıldız
10 Мај 2023•Ажурирај: 11 Мај 2023
РАМАЛА (АА) - Израелските сили убија двајца Палестинци и ранија едно лице во текот на рацијата спроведена во местото Кабати, сместено јужно од градот Џенин на Западниот Брег, пренесува Анадолу.
Палестинската официјална новинска агенција ВАФА објави дека голем број израелски сили влегле во Кабати и извршиле рации во куќите во западните квартови, оштетувајќи го имотот на Палестинците.
Во текот на рацијата дошло до судир меѓу израелските сили и палестинската младина во Кабати. Двајца Палестинци се убиени, а еден е ранет кога израелските сили пукале врз едно возило.
Директорот на Државната болница во Џенин, Висам Бекр, информираше дека од истрелите на израелските сили загинале две момчиња.
Според податоците на ВАФА, од почетокот на годината досега на Западниот Брег и во Газа се убиени 127 Палестинци. Од загинатите, 24 се малолетници и 6 жени.