Mohamed Sabry Emam Muhammed
06 Септември 2016•Ажурирај: 07 Септември 2016
ГАЗА (АА) - Израелските сили ја гранатираа северна Газа откако наводно се нашле под оган од страна на блокираната палестинска територија, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелската војска во соопштението вели дека нејзините сили се нашле под оган долж границата со Појасот Газа.
„Како одговор на тоа, Израелските одбранбени сили (армијата) погоди две згради на Хамас“, се додава во соопштението.
Според палестински очевидци, пет проектили испукани од страна на израелските тенкови долж границата погодиле две згради на Хамас во Бејт Лахиа, во северниот дел на Појасот Газа.
Нема информации за повредени.
Кон крајот на 2014 година, Израел започна 51-дневен напад врз крајбрежната територија со цел намалување на способноста на палестинските фракции за истрелување ракети кон Израел.
Според палестинското Министерство за здравство, најмалку 2.322 Палестинци загинале, а околу 11.000 биле повредени.