Gülşen Topçu
24 Април 2021•Ажурирај: 26 Април 2021
ГАЗА
Израелските тенкови погодија некои позиции на Хамас во Појасот Газа, што е под блокада, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Откако беше соопштено дека од Газа кон Израел биле лансирани 3 ракети, тенковите позиционирани на границата помеѓу Израел и Газа ги имале како цел набљудувачките точки на бригадите „Изедин ел Касам“, кои се воена гранка на Хамас.
Не се споделени информации околу тоа дали има жртви во нападот.
Израелската Војска преку соопштение објавено на Твитер нагласи дека со тенкови се погодени воените точки на Хамас.
Во второто соопштение на израелската Војска се вели дека од Газа кон Израел повторно се лансирани бројни ракети.
Никој не ја презеде одговорноста за лансираните ракети од Газа.