Mesut Zeyrek
22 Април 2017•Ажурирај: 23 Април 2017
КЕЛН (АА) - По повод конгресот на партијата Алтернатива за Германија (AFD), кој денеска се одржува во Келн, илјадници луѓе излегоа на улиците на германскиот град и испрати порака против расизмот, јавува Anadolu Agency (AA).
Со цел да се спречат демонстрантите да се приближат до хотелот во предградието на Хумаркт, каде што се одржува конгресот, полицијата во Келн презеде високи безбедносни мерки. Над Келн може да се види и хеликоптер, а на улиците оклопни возила.
На протестот во Келн присуствуваа десетици илјади граѓани, а за безбедноста беа задолжени околу 5.000 полицајци. Демонстрантите носеа транспаренти со пораки против расизмот, а исто така можеа да се слушнат и пароли со слична содржина.
Исто така дојде и до повремени судири во кои се повредени најмалку двајца полицајци, а неколку демонстранти беа уапсени.
Голем број на улица поради протестите беа затворени за сообраќај.