Bilgin S. Şaşmaz
22 Април 2017•Ажурирај: 23 Април 2017
ЧИКАГО (АА) - Саемот на стрипови и забава, еден од најпопуларните во Соединетите Американски Држави (САД), ја отвори вратата и оваа година за голем број на посетители, јавува Anadolu Agency (AA).
Саемот е отворен во Конгресниот и културен центар Мекормик, а веќе првиот ден предизвика интересот за голем број на посетители.
Станува збор за помлади посетители кои беа облечени во различни костими на омилените херои.
Тие се потрудија на најдобар можен начин да ги прикажат омилените ликови од стриповите и филмовите.
Се очекува дека саемот, кој ќе трае до 23 април, да го посетат илјадници луѓе од различни делови на САД.