Lokman İlhan
07 Декември 2018•Ажурирај: 08 Декември 2018
БОГОТА (АА) - За време на протестите на студентите во колумбискиот град Богота во последните 24 часа се приведени две лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Студентите шетаа во знак на незадоволство поради буџетот кој се издвојува за високото образование во таа земја. Во полициската интервеција повредени се три лица.
Во Колумбија три месеци траат протестите на просветните работници, академици и студенти, бидејќу Владата не го реализираше минатогодишниот договор за зголемување на буџетските средства за високото образование и подобрување на условите за работа во таа област.
Протестите се одржуваат во многу колумбиски градови, а најмасовни се во Богота, каде што на улиците беа околу 4.000 студенти.
Дојде и до напнатост меѓу демонстрантите и полицијата, а во интервенцијата на безбедносните сили се приведени двајцата студенти.