Ahmet Dursun
28 Февруари 2019•Ажурирај: 01 Март 2019
АНКАРА (АА) - Индискиот премиер Нарендра Моди го обвини Пакистан дека се обидува да ја дестабилизира неговата земја, пренесува Anadolu Ag ency (AA).
Индискиот премиер Моди, обраќајќи се преку видеоконференција пред членовите на Индиската народна партија (BJP), се осврна на затегнатата состојба меѓу Пакистан и Индија.
„Непријателот сака да нѐ дестабилизира со терористички напади. Сака да го запре нашиот напредок. Пред неговите планови ќе застанеме цврсто како карпи“, истакна Моди, обвинувајќи го Пакистан дека сака ја дестабилизира неговата земја.
Осврнувајќи се на критиките од опозицијата дека „недоволно одговори на нападите на Пакистан“, Моди, тврдејќи дека индиската армија ја исполнила својата должност во однос на нападите, нагласи: „Не треба да дозволиме можности за непријателите да нѐ обвинуваат. Индија ќе живее во заедништво и ќе војува.“
- Тензии меѓу Пакистан и Индија -
Последните тензии помеѓу Индија и Пакистан започнаа со бомбашкиот напад изведен на 14 февруари врз парамилициски конвој во делот на Кашмир, кој е под контрола на Индија, во кој животот го загубија 44 војници.
Администрацијата на Њу Делхи го обвини Пакистан за нападот. Пакистан го осуди нападот и ги одби обвинувањето од Индија.
Индија на 26 февруари соопшти дека на Контролната линија на Кашмир спроведува воздушен напад врз целите на терористичката организација во делот на Пакистан.
Пакистан соопшти дека урнал два борбени авиона на Индија, кои наводно го прекршиле неговиот воздушен простор. Исто така, пакистанските авиони влегоа во воздушниот простор на Индија.
Индија соопшти дека урнала пакистански борбен авион, но администрацијата на Исламабад тоа не го потврди.
По настаните Пакистан го затвори целиот воздушен простор, а на некои аеродроми ги запре летовите.
Премиерот на Пакистан, Имран Кан, ја повика Индија проблемите да ги решат со дијалог и да завладее здравиот разум.
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во изјавата во врска со тензиите, предложи трезвеност и избегнување ескалација на тензиите. Слични повици упатија и Германија, Велика Британија, Кина и Русија.