Emel Öz Gözellik
23 Декември 2018•Ажурирај: 24 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Во Индија дојде до сообраќајна несреќа откако автобус кој превезувал ученици, слета во провалија. Во несреќата животот го загубија 10 деца, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во вестите што ги објавија индиските медиуми, официјалните лица информираат дека автобус со околу 70 ученици излетал од патот и паднал во провалија во подрачјето Данг во индиската сојузна држава Гуџарат.
Во несреќата настрадале 10 деца, а спасувачките екипи успеале да ги извлечат преостанатите деца од автобусот.
Повредените деца се префрлени во локалните болници.