Sümeyye Dilara Dinçer
09 Декември 2022•Ажурирај: 11 Декември 2022
ЏАКАРТА (АА) - Девет лица загинаа од експлозија што се случи во рудник за јаглен во индонезиската провинција Западна Суматра, известува Агенција Анадолија (АА).
Официјални лица објавија дека експлозија на гас се случила во приватен рудник за јаглен во градот Савахлунто.
Информирајќи дека во несреќата животот го загубиле 9 работници, властите соопштија дека двајца работници се спасени, а се трага по уште едно лице.
Портпаролот на тимот за пребарување и спасување изјави дека поради локацијата на рудникот, екипите имале потешкотии во потрагата и спасувањето.