Ayşe Doğru
15 Јули 2019•Ажурирај: 16 Јули 2019
ЏАКАРТА (АА) - Како последица на земјотресот со јачина од 7,3 степени, што вчера го погоди Северен Малуку во Индонезија, загинаа две лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Националната агенција за природни катастрофи, Агус Вибово, изјави дека починале две жени кои останале заробени под урнатините на куќите.
Повеќе од две илјади лица се наоѓаат во привремените прифатни центри.
Вибово појасни дека сè уште не го утврдиле степенот на штетата која настанала, но дека во местото Сакета се оштетени два моста и 58 станбени објекти.
Отежнато е и одвивањето на сообраќајот.
Во земјотресот со јачина од 7,5 степени и цунамито што на 28 септември 2018 година ја погодија Индонезија загинаа 4.340 лица.