Ekip
12 Април 2019•Ажурирај: 14 Април 2019
ЏАКАРТА (АА) - Агенцијата за геофизика на Индонезија објави дека постои можност за цунами по силниот земјотрес кој го погоди островот Сулавеси, пренесува Anadolu Agency (AA).
Геолошкиот завод на САД објави дека земјотресот се случил денес на длабочина од 17 километри, источно од Сулавеси, и дека бил со јачина од 6,8 степени по Рихтер.
Епицентарот на земјотресот беше далеку од градот Палу, кој во септември минатата година беше уништен како последица на земјотрес и цунами.