Mahmut Atanur
06 Ноември 2020•Ажурирај: 06 Ноември 2020
ЏАКАРТА
Евакуирани се над 500 лица кои живеат во околината на вулканот Мерапи во Индонезија каде што е зголемено нивото на алармот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од Агенцијата за управување со катастрофи во индонезиската покраина Централна Јава нагласија дека поради зголемување на вулканските движења, зголемено е и нивото на алармот поради вулканот Мерапи, во чија околина под закана се наоѓаат девет села.
Се истакнува дека приоритет во операциите за евакуација се постарите лица, децата, бремените жени и жени со деца, како и инвалидите.
Според соопштеното, досега над 500 лица се преместени во безбедни зони, додека операциите за евакуација во подрачјето на Кангкринган кое се наоѓа близу вулканот, ќе продолжат до понеделник.
Технолошкиот и истражен центар за геологија и катастрофи, вчера соопшти дека е даден портокалов аларм за вулканот Мерапи.
Овој вулкан има височина од 2.968 метри, а како резултат на исфрлањето лава во 2010 година, загинаа 347 лица.
Алармниот систем за вулкани во Индонезија се состои од четири фази, од кои „зелена“, „жолта“, „портокалова“ и највисоката фаза е „црвена“.