Vesna Besic
22 Мај 2022•Ажурирај: 23 Мај 2022
ТУРГО (АА) - Еруптираше вулканот Мерапи на густо населениот остров Јава во Индонезија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Индонезискиот Технолошки и истражувачки центар за геолошки катастрофи (BPPTKG) објави дека ерупцијата е видлива на планината Мерапи. Димот се издигал на 20 до 50 метри над врвот на кратерот.
Вулканот со висина од 2.968 метри се наоѓа на густо населениот остров Јава, во близина на древниот град Јогјакарта. Мерапи, еден од најактивните од десетината индонезиски вулкани, повеќепати еруптираше во последно време.
Во ерупцијата на вулканот во 2010 година животот го загубија 347 лица.