Ekipa
27 Мај 2019•Ажурирај: 28 Мај 2019
ИДЛИБ (АА) – Девет цивили ги загубија своите животи, а најмалку 28 лица се повредени како резултат на нападот врз деескалационата зона во Идлиб од страна на воените авиони на режимот на Башар ал Асад во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од локални извори, Армијата на режимот на Асад и терористичките групи подржани од Иран спровеле воздушни и копнени напади во местата Хан Шејхун и Ариха во Идлиб, и селата Маритхирме Абидин, Суфухен, Хазарин, Нукејир и Шеј Мустафа, кои се наоѓаат во рамките на деескалационата зона во Идлиб. Напади се извршени и во Латамине и Кефер Зита, северно од Хама.
Според информациите од Цивилната одбрана (Бели шлемови) во воздушните напади спроведени од страна на режимот во областа Маратинуман и селата Маритхирме и Хазарин, животот го загубиле 9 цивили, а повредени се најмалку 28 цивили.
Екипите за граѓанска одбрана ја продолжуваат акцијата за потрага и спасување. Се стравува од зголемување на бројот на загинатите лица.
- Последна ситуација во деескалационата зона во Идлиб -
Северозападната сириска покраина Идлиб од самиот почеток на граѓанската војна е упориште на опозицијата.
Во моментов, популацијата на Идлиб, со внатрешната миграција достигна 4 милиони луѓе. Од март 2015 се наоѓа под контрола на опозицијата. Идлиб е место кое најмногу е напаѓано од страна на режимот.
Турција, Русија и Иран, на состанокот одржан во Астана на 4-5 мај 2017 година, Идлиб и околината ги прогласија за зона без судири. Турција и Русија, како резултат на кршењето на Договорот за прекин на огнот од страна на режимските сили, постигнаа дополнителен договор за таа област.
Режимот, со помош на поддржувачите, и покрај Договорот од Сочи постигнат на 17 септември 2018 година, продолжува со нападите. Нападите се интезивираа за време на 12-тиот состанок меѓу Турција, Русија и Иран, одржан на 25-26 април во Нурсултан, главниот град на Казахстан. Последните две недели продолжуваат со ист интензитет.
Изворите од Цивилната одбрана (Бели шлемови) соопштуваат дека од 25 април наваму најмалку 167 цивили ги загубиле своите животи, а повеќе од 415 цивили се повредени.
Режимот и неговите поддржувачи со нападите го прекршуваат Договорот за прекин на огнот потпишан меѓу Турција и Русија на 17 септември 2018 година. Нападите на режимот се причина за принудно иселување на 553.444 цивили.
Режимот на Асад и терористичките групи поддржани од Иран со поддршка на Русија од воздух, со нападите врз деескалационата зона во Идлиб, кои започнаа пред 3 недели, зазедоа површина од 100 квадратни километри.