Associated Press
01 Јули 2022•Ажурирај: 02 Јули 2022
ЛОНДОН (АА) - Инфлацијата во 19 држави кои го користат еврото во јуни достигна рекордни 8,6 отсто, јавува Агенција Анадолија (АА).
Инфлацијата беше поттикната од силните зголемувања на трошоците за енергенти предизвикани делумно од руската војна во Украина. Исто така, и цените на храната растат секојдневно.
Стапката на инфлација во еврозоната достигна рекордни 8,1 отсто во мај, во екот на наглиот раст на цените на енергентите и храната, покажуваат најновите податоци кои денеска ги објави Агенцијата за статистика на Европската Унија - Евростат.
Инфлацијата во еврозоната сега е на највисоко ниво од 1997 година, кога започна да се води евиденција.