Ekipa
23 Април 2021•Ажурирај: 24 Април 2021
ЖЕНЕВА (АА) - Најмалку 172 лица загинаа во три бродоломи во централниот дел на Средоземното Море, соопшти денес Меѓународната организација за миграции (ИОМ), јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во текот на изминатите три дена, добивме извештаи дека најмалку три чамци потонале во централниот дел на Медитеранот“, изјави портпаролката на ИОМ, Сафа Мсхели, на прес-конференцијата во Обединетите нации (ОН).
Таа рече дека тие извештаи биле поднесени од невладини организации кои менаџираат со спасувачките бродови во тој регион на Медитеранот.
На еден од чамците се наоѓале најмалку 130 лица, на друг чамец две лица, додека третиот потонал со 40 мигранти и се верува дека сите загинале.
„Тоа го зголемува бројот на жртви во тој регион на 500 од почетокот на годината, што е речиси трипати повеќе од билансот од истиот период минатата година“, рече Мсхели.