İdris Okuducu
08 Март 2017•Ажурирај: 08 Март 2017
СУЛЕЈМАНИЕ (АА) - Ирачкиот министер за миграција Касим ал-Џаф изјави дека околу 4 милиони луѓе во оваа земја ги напуштиле своите домови со цел да ги избегнат нападите од страна на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Ал-Џаф рече дека четири милиони луѓе ги напуштиле своите домови откако ДЕАШ се појави во оваа област и сега имаат статус на внатрешно раселени лица.
Ирачкиот министер нагласи дека има и луѓе што се вратиле во своите домови откако нивните места беа ослободени од терористичката организација ДЕАШ.
„Досега во своите домови се вратија 1,7 милиони луѓе. Ова е за нас важен напредок“, изјави ирачкиот министер за миграција Касим ал-Џаф.
Ирачкиот министер порача дека за овие луѓе е многу важна хуманитарната помош.
Терористите на ДЕАШ од летото 2014 година го контролираат вториот по големина ирачки град, Мосул.
По тримесечни операции на здружените ирачки сили, со поддршка од страна на меѓународната коалиција, во јануари беше ослободен источниот дел на Мосул, а на 19. февруари започна операција за ослободување на центарот на градот, кој се наоѓа на западниот брег на Тигар.