Arif Yusuf,Meryem Kasım
14 Август 2016•Ажурирај: 15 Август 2016
БАГДАД (АА) - Најмалку девет лица загинаа, а 24 се повредени во низа бомбашки напади кои се случија во главниот град на Ирак, Багдад, јавува Anadolu Agency (AA).
„Еден полицаец со чин капетан загина во експлозија на бомба во неговиот автомобил во близина на квартот Нов Багдад во источниот дел на градот”, изјави за АА претставникот на ирачкото Министерство за внатрешни работи, Дехам ал-Махмуд.
Махмуд рече дека и во јужниот дел на Багдад одекнале две силни експлозии. Во експлозија на автомобил-бомба загина едно лице од провладините сунитски сили Сахва, а две лица загинаа, шест се повредени во експлозија во квартот Ал Медаин.
Најмалку две лица загинаа, а тројца се ранети во експлозија на бомба подметната во еден минибус, во североисточниот дел на Багдад.
„Најмалку три лица загинаа, а 15 се повредени во слични експлозии што се случија во изминатите неколку часа во источниот и централниот дел на Багдад”, рече Махмуд.
Досега никој не ја презеде одговорноста за последните бомбашки напади низ Багдад.