Haydar Karaalp
31 Август 2021•Ажурирај: 01 Септември 2021
БАГДАД (АА) - Ирак е заинтересиран за набавка на беспилотни летала (UAVs), хеликоптери и напредно оружје од Турција, изјави министерот за одбрана на земјата, Џума Инад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Ние побаравме од Турција понуди и договори за купување на Бајрактар ТБ2 [беспилотни летала], 12 хеликоптери Т-129 АТАК и шест одбранбени системи на беспилотни летала. Постигнавме договор за купување на беспилотното летало Бајрактар“, изјави Инад за локална телевизија.
Истакнувајќи дека турските беспилотни летала „Бајрактар“ се многу напредни и постигнале голем успех, Инад рече дека тие ќе бидат корисни во борбата против ДЕАШ.
Присуствувајќи на Меѓународниот саем за одбранбена индустрија 2021 година (ИДЕФ'21), што се одржа во Истанбул на 19 август, Инад се состана со турскиот министер за национална одбрана, Хулуси Акар.