Süleyman el-Kubeysi,Zeynep Hilal Karyağdı
30 Јули 2016•Ажурирај: 31 Јули 2016
РАМАДА (АА) - Припадниците на безбедносните сили на Ирак започнаа воена акција за ослободување на последното упориште на ДАЕШ во Рамада, јавува Anadolu Agency (AA).
Командантот за акции во Анбар, генерал-мајор Исмаил ал-Михлави истакна дека започнала да се спроведува детална воена акција за ослободување на источниот дел на Рамада.
Според командантот на акциите во Анбар, генерал-мајор Исмаил Ел-Mихлави, во акцијата ќе учествуваат воени авиони и на меѓународната коалиција, како и племенската полиција.
Ел-Михлави нагласи дека во тоа подрачје се наоѓаат села со големи земјоделски површини.
„ДАЕШ ваквите области ги користи како центри за криење и чување на оружје“, објаснува генерал-мајор.
Ирачките безбедносни сили кон крајот на минатата година го ослободија центарот Рамади од терористичката организација ДАЕШ. Исто така, засилени се акциите во близина на центарот на градот, со цел областите околу центарот да се исчистат од терористи.