Ali Semerci
06 Октомври 2021•Ажурирај: 07 Октомври 2021
БАГДАД
Работник во Зоолошката градина во Багдад, главниот град на Ирак, го загуби животот како резултат на напад од мечката што ја хранел, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што раководството на Зоолошката градина го објави на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук се наведува дека Хасан ал Хасан, еден од вработените во Зоолошката градина, починал како резултат на ненадеен напад на мечка додека ѝ давал храна во кафезот.
Од Зоолошката градина информираа дека Ал Хасан, кој бил искусен работник, ненадејно бил нападнат од мечката кога се обидел да го повлече празниот сад пред мечката во кафезот и да го замени со сад полн со храна.
Вработените во Зоолошката градина веднаш презеле акција и по нападот го извлекле својот колега од кафезот, но за жал, Ал Хасан им подлегнал на раните.